
„Насловот на оваа дискусија ги диктира и заклучоците и кои се целите, овде зборуваме за ефектите од аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните, што значи дека во најголем дел ќе бидат поканети здравствените работници, директорите на болниците, претставници од јавниот здравствен институт и така натаму да елаборираат какви се ефектите врз нашето здравје“, рече Рашела Мизрахи, ВМРО-ДПМ.
СДСМ од почетокот на седницата потврди дека ќе ја поддржи оваа иницијатива на парламентарното мнозинство, подвлекувајќи дека на крајот на денот, без разлика на партиската припадност, сите дишеме ист воздух.
„Ќе учествуваме во надзорната дискусија што ја иницира парламентарното мнозинство затоа што сметам дека треба да разговараме сите заедно без премногу политика, бидејќи на крајот на денот дишеме ист воздух и нашите деца живеат под исто небо“, изјави Фатмир Битиќи од СДСМ.
Денеска истекува рокот во кој членовите на комисијата треба да достават предлози за кои ќе бидат повикани претставници на надзорната расправа што ќе започне на 20 март./Алсат/