Кошаркарите на Њујорк никс се освојувачи на НБА куп трофејот. Екипата од Њујорк, во финалето кое се играше во Лас Вегас, го победи Сан Антонио со 124:113 и успеа да стигне до својот прв голем трофеј по пауза од 52 години. Последен пат Никси се радуваа на трофеј во далечната 1973 година кога беа шампиони во НБА.
Во финалето, Сан Антонио водеше во поголем дел од мечот, пред крајот на третата четвртина имаа и највисоки 11 поени предност (92:81), но Њујорк покажа дека има победнички менталитет.
Во решавачката последна четвртина Њујорк започна со серија од 9:1 и го презема водството (100:95), а потоа не само што не го испушти до крајот на мечот, туку константно го зголемуваше.
Најефикасни кај победничкиот тим беа Оџи Ануноби со 28 поени и Џелен Брунсон со 25 поени. Освен победата и трофејот, секој од кошаркарите на Њујорк си доби одлична парична награда од вкупно 530.933 долари.