Пратениците во Собранието денеска ќе гласаат за ратификација на Предлог законот за ратификација на Договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија во врска со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел.
Договорот беше потпишан во Ѓуешево на 6 ноември од страна на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и неговиот бугарски колега Гроздан Караџов.
Со него се уредуваат техничките, финасиските, правните и организациските прашања поврзани со подготовката, изградбата и оперативноста на меѓуграничниот железнички тунел во насока Софија-Ѓуешево – Крива Паланка-Скопје.
Проектираната должина на тунелот е околу 2,4 километри од кои 1,2 километри на територијата на државава.