Европската Унија официјално отстапи од својата најрадикална климатска одлука. Револуционерниот пресврт од 16 декември стави крај на неизвесноста: бензинците, дизелашите и хибридите не одат во историјата во 2035 година. Наместо тотална забрана, на сцена стапува „планот 90%“ – компромис кој го спасува европскиот индустриски гигант.
Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
End Ezoic – wp_under_page_title – under_page_title
Она што до вчера изгледаше како зацементирана судбина за класичната автомобилска индустрија, денес е само минато. Европската комисија го фрли во корпа строгиот диктат за 100% елиминација на емисиите и го замени со нов, пореален модел. Новиот праг е поставен на 90% намалување на CO₂, оставајќи ги оние клучни 10% како „прозорец“ низ кој класичните мотори ќе продолжат да дишат.
Брисел не само што дозволи опстанок на внатрешното согорување, туку понуди и креативни механизми за нивно легализирање, користење на синтетички горива и биогорива. Производителите ќе можат да ги „пеглаат“ емисиите користејќи кредити од еколошкото производство на метал во ЕУ. Приклучните (PHEV) и благите хибриди, како и моделите со range extender, добиваат дозвола за неограничен престој на пазарот, под услов да се вклопат во новата математика.
Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
End Ezoic – wp_under_first_paragraph – under_first_paragraph
Овој пресврт е директен резултат на притисокот од компаниите како BMW, Volkswagen, Mercedes-Benz и Stellantis. Дури и првиот човек на Ford, Џим Фарли, предупреди дека Европа се самоубива со нереални цели додека кинеската конкуренција незапирливо надира.
По долгогодишни тензии и траумите од „Дизелгејт“, ЕК сега нуди 10-годишен „мир“ (мораториум) на нови регулативи, ветувајќи им на компаниите предвидливост која им е очајно потребна за опстанок.
Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
End Ezoic – wp_under_second_paragraph – under_second_paragraph
Иако моторите со внатрешно согорување привремено ќе се истолерираат, ЕУ не се откажува од струјата. Но, наместо скапи електрични автомобили, фокусот се сели на малите, достапни градски возила. Со воведувањето на новата M1E категорија (возила под 4,2 метри), Европа се обидува да создаде „народно електрично возило“. Овие автомобили ќе уживаат статус на „супер-кредити“, што е јасен сигнал до производителите: правете евтини електрични коли за широките маси, ако сакате да го задржите правото да продавате моќни бензинци.