
Тој нагласи дека меѓу двете партии нема заеднички јазик што би ги обединило во евентуална влада.
Претседателот на ПДК јасно стави до знаење дека разликите меѓу двете партии се длабоки, како во политичкиот пристап, така и во визијата за иднината.
„Не, не одиме во коалиција. Точка. Во никој случај. Точка… Не коалицираме со Ветевендосје, бидејќи тоа нема врска со нас. Ниту во програмска смисла, ниту во принципиелна смисла, ниту во смисла на тоа како го гледаме минатото, а уште помалку како ја гледаме иднината. Немаме точки што би не обединиле“, изјави Красниќи на „Дебат плус“.
Тој додаде дека ПДК нема да прифати коалиција со ЛВВ дури и ако му биде понудена функцијата премиер.
„Нема коалиција меѓу ПДК и Ветевендосје, во каква било форма“, додаде Красниќи.
Во меѓувреме, според прелиминарните резултати, кои вклучуваат пребројување на редовните гласови, Движењето Ветевендосје води со 40,80 отсто од освоените гласови, а по него е Демократската партија на Косово со 22,05 отсто.
На трето место е Демократската лига на Косово со 17,64 отсто, додека ААК-Нисма обезбеди 7,46 отсто од гласовите.