Раде Шербеџија со својот бенд „Западни колодвор“ ќе одржи концерт во Филхармонијата на 23 јануари 2026 година, објави „Баги комуникации“.
„Ова ќе биде концертот на поезија, музиката и сеќавањата.
Гостин на концертот ќе биде групата „Скопје виа“ во која актерка Јана Стојановска, семејна пријателка на Шербеџија. Хрватскиот актер со светска кариера со оваа група ја сними песната „Кога умира љубовта“, песната премиерно ќе биде испеана во живо на концертот.
Влезниците се во продажба преку мрежата на Мк тикетс.
Фото: К. Попов
The post РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 23 ЈАНУАРИ се појави прв на СМАРТ – СДК МК.