
Во врска: Али Ахмети го повикува ВЛЕН да се откаже од Владата и бара предвремени парламентарни избори, заедно со локални избори
„За да се избегнат програмски и кадровски реформи, на ДУИ и е потребна политичка криза по секоја цена. Затоа веќе подолго време креираат сценарија кои треба да кулминираат со бојкот на локалните избори. Дел од ова транспарентно сценарио се и нивните неосновани напади на таканаречената „деалбанизација“, со цел да се создаде лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции поради коалицијата ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ. Барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори не е вистинската цел на Али Ахмети, туку изговор да го оправда бојкотот на локалните избори“, велат меѓу другото од ВЕЛЕН.