
Дел од ова транспарентно сценарио се и нивните неосновани напади на таканаречената „деалбанизација“, со цел да се создаде лажна атмосфера дека Албанците не се доволно застапени во државните институции поради коалицијата ВЛЕН со ВМРО-ДПМНЕ.
Барањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори не е вистинската цел на Али Ахмети, туку изговор да го оправда бојкотот на локалните избори.
ДУИ знае дека ќе доживее драматичен пораз на локалните избори. Нивните истражувања го потврдуваат овој факт. Али Ахмети знае дека по поразот на локалните избори неминовно ќе се појави и прашањето за лидерство во неговата партија. Не сакајќи да заврши како политички губитник, тој како коцкар ја игра својата последна карта – бојкот на локалните избори. Откако не беше прифатена неговата понуда да влезе во Владата наместо со ВЛЕН, со четворица министри, но без претседател на Собранието и со ветување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го земе Кичево или Струга, ДУИ сега има за цел да предизвика политичка криза, соопшти ВЛЕН.
Ова предавство на албанскиот народ нема да помине! Казната за ваквото неодговорно однесување на оваа корумпирана и заробена клика на ДУИ ќе биде тешка.
Ваквото предавство на албанскиот народ нема да помине. Казната за ваквото неодговорно однесување на корумпираното и заробено раководство на ДУИ ќе биде строга.