
„Со отворено срце и смирен дух вечерва влегуваме во благословениот месец Рамазан, месецот на милоста, знаењето, толеранцијата, хуманоста, месецот на побожноста, со еден збор, месецот на сите добри работи, кој нè повикува на размислување, посветеност и поблиска врска со творецот на вселената, Семоќниот Алах. Овој славен месец не потсетува на важноста на постот, смирението и добрите дела, нè води кон духовно и телесно очистување. Постот не е само чин на лишување од храна и пијалок, туку духовно патување кое ни помага да ја обликуваме нашата свест за добрината, да ја зајакнеме нашата врска со Семоќниот Алах и да негуваме емпатија кон другите. „Во овој месец на знаење и мудрост, да бараме знаење и да го продлабочиме нашето разбирање преку читање и размислување.
Фетулах посака овој месец да донесе мир во светот, молејќи се за крај на конфликтите и страдањата на невините луѓе.
„Се молиме на Семоќниот Алах овој месец да донесе мир во нашите срца и на целиот свет. Се молиме за прекин на сите конфликти и за крај на страдањата на невините луѓе. Овој месец нека биде период на помирување, простување и зближување еден со друг. Дозволете ми, во името на Исламската верска заедница и во мое лично име, топло да ви посакам бериќетен Рамазан, исполнет со божествена добрина и милост. Аллах да ни даде сила да го извршуваме постот со посветеност и леснотија, а се молиме на Семоќниот Бог да не награди со Својата бескрајна прошка и милост. Господ нека ве благослови вас и вашите семејства. Нека ни е добар месецот на постот, благословениот месец Рамазан“, напиша Фетаху.