
На оваа тема се огласи и самиот „Феномен“, кој пак смета дека на врвот на листата мора да се стави Пеле.
Бразилската легенда Роналдо го кажа своето мислење за најдобриот фудбалер на сите времиња, смета дека Пеле е број 1, а потоа следат Лео Меси и Диего Марадона.
„Не сакам да навлегувам во ова, мислам дека луѓето имаат високо мислење за самите себе. Јас лично не сакам да зборувам за мене, оставам другите да кажат што мислат“ – вели Роналдо.
„Кристијано Роналдо испиша фантастична историја, освои се што може да се освои, постигна погодоци на секој можен начин. Дефинитивно е помеѓу најдобрите во историјата. Не би можел да кажам дека е најдобар… но го почитувам неговото мислење. Ако се прашувам јас, тој е помеѓу 10-те најдобри“.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Не ги менувам само првите тројца“.
Изминатиов период, во светот на фудбалот повторно е актуелна темата за тоа кој е најдобриот во историјата, откако Кристијано Роналдо самиот порача дека тој е бројот 1.
Запрашан да го направи својот избор, Роналдо додава: „Пеле е број 1, Меси и Марадона се изедначи на второто место, потоа Зико, Ромарио, Кристијано Роналдо, Марко Ван Бастен, Зинедин Зидан, Луис Фиго, Ривалдо, Роналдињо… видете има многу големи играчи и сигурно дека заборавив некого. Секогаш кога некој ќе ме праша да направам ранкинг, правам различна листа“.