
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Често пати Бразилецот во медиумите добиваше критики за своето однесување, но сега се покажал како одличен пријател и соиграч.
Имено, Ендрик поминувал низ тежок период поради недостатокот на минутажа, а Винисиус во тие моменти бил тука до него да му пружи поддршка. Освен тоа, тој се поставил како вистински ментор кон Ендрик и поминувал многу повеќе време со него. Сето тоа резултирало со зголемување на самодовербата кај Ендрик кој му се заблагодарил и го сметал за постар брат.
Ендрике постигна гол во 19 минута на асистенција на Џуд Белингам, но вниманието го привлече и Винисиус поради неговата активност надвор од терените.