Манчестер јунајтед повеќе од една деценија не може да припари до титулата во англиската Премиер лига. Гигантот се надева дека за скоро време повторно ќе може да атакува на висок пласман, а најавите се дека челниците на Црвените ѓаволи ќе обезбедат париза нови засилувања.
Најавите се дека во 2026 година може да се очекува на „Олд Трафорд“ може да пристигнат две-три засилувања, па дури и четворица играчи од светскиот крем.
Под водство на INEOS, Манчестер Јунајтед веќе инвестираше многу пари во инфраструктура и развој на млади фудбалери. Сега фокусот се префрла на првиот тим.Како што објавија англиските медиуми, челниците на Манчестер Јунајтед сфатија дека им недостасува длабочина и квалитет за да се борат за трофеи.
На сите во Манчестер Јунајтед им е јасно дека повеќе не градат од нула, туку дека мора да донесат конкретни засилувања во средниот ред и одбраната. Јануарскиот преоден рок треба да предизвика голема потрошувачка од страна на челниците на Манчестер Јунајтед, а тие сакаат некои големи имиња.
Тука се играчи како Адам Вортон од Кристал Палас, Елиот Андерсон од Нотингем Форест и Карлос Балеба од Брајтон.Покрај нив, тука е и Антоан Семењо, кој долго време беше на радарот на Манчестер Сити и Ливерпул, а сега и тимот од Олд Трафорд сака да се приклучи во трансфер битката.
Летото ветува уште поголеми амбиции со буџети за трошење кои надминуваат 228 милиони евра, сè со цел да се привлечат врвни таленти од цела Европа.