Елиф Елмас и Наполи ќе играат во финалето од италијанскиот Супер куп откако во полуфиналето славеа над Милан со 2-0. Тренерот на „црвено-црните“, Масимилијано Алегри, причините за поразот ги пронајде во лошата одбрана, но не заборави да признае дека Наполи заслужено дојде до триумфот.
„Се соочивме со силен Наполи и тоа го знаевме. На двата гола можевме подобро да реагираме. Двете екипи одиграа добар натпревар, но противникот подобро се бранеше и заслужи да победи. Во последно време многу лесно примаме голови и мора да се подобриме. На овој пораз треба да гледаме како на шанса да се кренеме. Имавме и добри моменти кога добро ја контролиравме топката. Требаше подобро да напаѓаме во противничкиот шеснаесетник. Треба добро да анализираме, смирено. Само смиреноста може да ни помогне да ја оствариме целта, а тоа е да завршиме помеѓу првите четири екипи на табелата“, рече тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, по поразот од Наполи.