Италијанската полиција соопшти дека вомасовна национална операција против шверцот со дрогауапсила384 лицаи запленила околу1,4 тони наркотици, што ја прави оваа акција една од поголемите полициски интервенции во земјата во последните години.
ОдИталијанска полицијаинформираат дека покрај уапсените, отворени се истраги против655 лица, меѓу кои и39 малолетници. Во рамки на истата операција, полицијата запленила и35 килограми кокаин, како иповеќе од 40 парчиња огнено оружје, се наведува во официјалното соопштение.
Акцијата, која била финализирана вчера, се одвивала воповеќе италијански покраини, со силен фокус на уличната дистрибуција на дрога и нелегалната трговија со оружје. Во текот на операцијата биле извршени312 инспекциски контроли, што довело допривремено затворање на пет продавници за канабисво три различни градови.
Според полицијата, за време на инспекциите биле запленети296 килограми производи од канабис, за кои лабораториските анализи покажале дека содржатнелегални наркотични супстанции, спротивно на декларираната намена.
Оваа акција доаѓа откако Италија војуни усвои нова безбедносна уредбасо која е забранет таканаречениот „легален“ канабис и продажбата на„cannabis light“, односно индустриски коноп кој, според претходните регулативи, не се сметаше за психоактивна како марихуаната.
Властите наведуваат дека засилените контроли имаат за цел да се спречи злоупотребата на законските празнини и прикривањето на нелегалната трговија со дрога преку продавници што формално работат легално.
Акцијата повторно го отвори прашањето заграницата меѓу регулацијата и репресијатаво борбата против наркотиците, како и за улогата на државата во контролата на пазарот на производи од канабис по измените на законската рамка.