Развојната банка соопшти дека периодов интензивно работи на повлекување на втората транша, согласно барања за повлекување средства од страна на банките, за одобрени проекти наменети за инвестиции и развој на компаниите.Првата транша е обработена и исплатена во најбрзо време, со оглед на тоа што Рамковните договори со банките се потпишуваа по 31.01.2025 година.
Структурата по вид на инвестиција од оваа транша е следна: 48% во градежи, 22% во опрема, 10% во обновливи извори на енергија и 20% инвестиции во транспортни средства. Со овие средства се поддржани 3 микро, 25 мали, 11 средни и 8 големи компании во државата. Од оваа транша во најголем дел се поддржани компании од областа на производството со износ од 3 милиони евра.
Развојната банка ја исплати првата транша во износ од 10,4 милиони евра, кон комерцијалните банки за проекти на 47 компании, од новата кредитната линија за инвестиции и развој.