Осомничениот бил лоциран на паркинг за камиони во Холандија, на околу 200 километри од Крествуд. Полицијата соопшти дека Единицата за големи криминали ја известила холандската полиција, која го привела осомничениот околу 5:15 часот по централно време.Телото на Дане Котески е испратено на обдукција, за да се утврдат точните причини за смртта. На платформата GoFundMe започна хуманитарна кампања за семејството Котески. Тој зад себе ги остави синот (13), мајката и сестрата.
Македонецот Дане Котески (48) бил пронајден мртов во просториите на неговата фирма во Илиноис, откако некој пријавил дека избувнал пожар во компанијата. Полицијата приведе маж, возач кој порано работел кај Котески, под сомнение дека има врска со овој случај.
Во текот на следните неколку часа, истражителите собраа докази и следеа бројни траги. Осомничениот е идентификуван. Утврдено е дека се работи за возач кој работел кај Котески. Се сомнева дека станува збор за „изолиран инцидент“, насочен исклучиво кон жртвата.
Телото на Дане е пронајдено откако во средата бил пријавен пожар во неговата компанија во Крествуд. Кога околу 16 часот полицијата пристигнала на адресата на компанијата АТЦ Траклоуд, од просториите излегувал густ чад. Пожарникарите брзо го изгаснале малиот пожар, а потоа на вториот кат од зградата било пронајдено машко тело.