
Легендата на Рома, Роберто Пруцо вели дека добро упатени извори му кажале дека Виктор Осимен ќе биде нов напаѓач на Јувентус.
Неговата откупна клаузула летоска ќе биде 75 милиони евра, но таа ќе важи само за клубови во странство.
Виктор Осимен во моментов е на позајмица во Галатасарај откако минатото лето му пропаднаа трансферите во ПСЖ, Челси и Ал Ахли.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Знам дека Виктор Осимен ќе биде нов напаѓач на Јувентус. Ова ми го откри добро упатен извор, многу близок до агентите на Нигериецот. Работата е завршена, убедени се дека тој следната сезона ќе се пресели во Торино“ – вели Роберто Пруцо во разговор со „Радио Радио“.
Повторно се актуелизира темата за нов „случај Игуаин“, легендата на Рома, Роберто Пруцо вели дека работата е завршена.