
Во разговор со „Франс Фудбал“, младиот стратег вели дека е отворен за понуди и меѓу редови посочи дека е подготвен да превземе ривал на Барса.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
„Клубот исто така беше во една од најлошите ситуации во својата историја. Очекувањата беа огромни. Исто така мојата длабока поврзаност со Барселона на моменти не ми правеше никаква услуга. На моменти бев и премногу сентиментален. Но како и да е, целото тоа патување беше навистина добра лекција од која научив многу“.
За авантурата како тренер на Камп Ноу, тој вели: „Мојата прва година, или подобро кажана година ипол, беше многу, многу добра. Завршивме на втората позиција, а потоа станавме шампиони на Шпанија во 2023, го освоивме и Суперкупот. После тоа резултатите не беа на посакуваното ниво. Бев погоден многу од заминувањето на Жорди Кројф и Матеу Алемани“.
Чави одби да ја отфрли можноста да биде тренер во Ла Лига, вели дека пресудно му е да добие возбудлив проект со кој ќе може да освојува трофеи.
Чави е без работа по разделбата со Барселона минатата година, стратегот се поврзуваше со неколку клубови, последниот е Манчестер јунајтед, но во моментов нема конкретни преговори.