
Како опција се споменува и 27 март, но тешко дека Барселона ќе го прифати овој термин бидејќи два дена претходно се играат натпревари од квалфиикациите за Јужна Америка и Светското првенство, а тоа значи дека во Барселона би ги немале на располагање Аухо и Рафиња.
Одложувањето на натпреварот донесе проблем за Ла Лига во и онака густиот распоред. До крајот на сезоната има само уште три месеци, па така нема премногу простор.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>
Вчерашниот натпревар помеѓу Барселона и Осасуна беше одложен поради смртта на клупскиот доктор на каталонскиот гигант Карлес Мињаро и засега не е познато кога овој дуел ќе биде одигран.
Се разгледуваат неколку термини, но како најреален за одигрување изгледа периодот околу 21 мај, односно помеѓу претпоследното и последното коло од првенството на Шпанија.