
Сепак, Ваноли нагласи дека ако стартува, Елмас нема да биде 90 минути на теренот.
„Елиф ни носи многу квалитет, тој е важен играч тактички и технички. Навистина е привилегија да го тренираше. Кога е на теренот може да биде лидер на тимот, ако влезе од клупата ќе ни донесе свежина до крајот, ако започне, нема да одигра 90 минути“, изјави Ваноли.
Торино утре ќе се соочи против Милан во терминот од 18:00 часот, а тренерот Паоло Ваноли на прес-конференцијата пред натпреварот имаше само пофални зборови за Елмас најавувајќи дека има можнност Елиф да стартува.
Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас изминатиот викенд го постигна својот прв гол во дресот на Торино откако влезе од клупата, а сега за добриот настап би можел да биде награден со настап од првата минута.