
Новата опција е веќе достапна за корисниците во САД и Канада, додека за другите региони се уште не се знае кога ќе биде овозможена. „Facebook“, исто така, најави дека ќе воведе повеќе нови функции оваа година со цел да се врати на своите оригинални вредности и да го подобри искуството за поврзување меѓу пријателите, пренесува „LTN“.
Новиот дел „Friends“ сега ги истакнува само објавите од пријателите на корисникот, вклучувајќи ги нивните статуси, објави, потсетници за роденден и барања за пријатели. Иако претходно постоеше табот „Friends“, се користеше само за прикажување барања и препораки за пријатели, но сега добива сосема нова функција.
„Meta“ најави голема промена на „Facebook“ – нова опција „Friends“, која ќе им овозможи на корисниците да ги гледаат само објавите на своите пријатели, без алгоритамски препораки.
Во моментов, на почетната страница на „Facebook“ се појавува разновидна содржина – објави од пријатели, објави од групи и страници, реклами и препорачана содржина, со алгоритам кој одлучува што ќе видат корисниците. Ова им пречеше на многу луѓе, бидејќи објавите на пријателите честопати беа игнорирани и закопувани со друга бескорисна содржина, поради што некои престанаа да ја користат платформата на „Facebook“.