
Интерес како што вели имало и од Арсенал, а иако негова желба била да остане во Манчестер сити на крајот бил принуден да замине.
По три сезони во Челси, Филипс се врати во Манчестер сити, а го носеше уште дресот на Квинс Парк Ренџерс и Феникс Расинг каде што ја заврши кариерата во 2017 година. За репрезентацијата на Англија во кариерата собра 36 натпревари и постигна шест погодоци.
„Тоа лето кога заминав, слушнв и дека Арсенал е заинтересиран за мене. Имаше и некои контакти, но јас им кажав дека сум среќен во Манчестер сити и не сакав да одам во друг клуб“,
Според изјавата на поранешниот англиски репрезентативец, Шон Рајт Филипс во таа година Манчестер сити не згаснал благодарение на неговиот трансфер.
„Му кажав и на менаџерот дека не сакам да одам и во Челси, но тогаш добив одговор дека немаме избор и бев принуден да прифатам. Деталите не ми ги објасни Неколку месеци подоцна дознав дека клубот би згаснал ако тогаш не ме продале. Благодарение на оштетата која ја добија за мене успеаа да се изборат да постојат“, откри Филипс.
<span>Можеби ќе ве интересира</span>