
А што треба да очекувате:„Stars Symphony“ не е само концерт – тоа е вистинско музичко доживување што ги спојува генерациите, стиловите и емоциите. Бидете дел од ова музичко патување низ времето, а наскоро очекувајте ги и имењата на изведувачите што ќе го направат ова шоу незаборавно.

По минатогодишниот триумф, уникатниот проект „Stars Symphony“ на Битолскиот Камерен Оркестар ќе доживее свое скопско издание на 20 мај, во форма на четиричасовен аудио-визуелен спектакл што ќе ги надмине сите очекувања.
- Повеќе од 100 учесници на сцена: оркестар, хор, балет и пејачи
- Визуелно и звучно патување низ омилените децении
- Ексклузивен Schiller Symphony Live со оркестар
- Облековен код: инспирирај се од 80-тите и 90-тите и стани дел од шоуто!
Овој пат, публиката ќе има ретка можност да ужива во најголемите MTV хитови од 80-тите и 90-тите (Volume 3), аранжирани специјално за оркестар, со моќна поддршка од хор, балет и врвни вокали. Како кулминација на вечерта, ќе следува незаборавна соработка со легендарниот германски електронски артист Schiller, кој ќе донесе ново ниво на симбиоза помеѓу класиката и современата електронска музика.