По формалниот дел на конференцијата, настанот продолжи со коктел во зимската градина, каде учесниците имаа можност да се поврзат и да уживаат во музика, додека се запознаваа и ги тестираа избраните парчиња канцелариски мебел дизајнирани од говорниците и присутните компании.
Mаркетинг директорот на Sedus во овој дел оддржа и второ предавање за интердисциплинарниот пристап на компанијата, кој вклучува и интерактивност со нивните корисници. Преку повеќе алатки за анализирање на личноста на корисниците, се продуцира палета на бои и решенија кои овозможуваат поголемо персонализирано искуство. „The limbic office – designing with the brand in mind“ беше насловот на презентацијата која покажа дека секое чекорење напред не инспирира за нешто повеќе, додека идентитетот на работењето се стекнува преку посветеноста и јасните цели. Затоа важна е секоја точка од процесот, бидејќи човековите сетила во една секунда обработуваат повеќе од 11.000.000 податоци, што укажува на нашиот сложен систем на перцепција на се што не опкружува.
Иднината на стаклените ѕидови
Следниот чекор за иднината на работните простори
На 26 март 2025 година, во вонвременскиот Сава Центар во Белград, Србија, се одржа Workplace Conference 2025, единствениот настан во регионот на кој се претставуваат најновите трендови и иновативни пристапи како да се дизајнираат модерните работни простори: канцеларии, хотели, ресторани, кафулиња.



Неговото богато искуство од преку 15 години во сферата на делување, беше раскажано преку развојот на компјутерските софтвери и помагала во секојдневното живеење на човекот, со што се менува и потребата и начинот на работа. Од тука заклучокот во однос на новите алатки на вештачката интелегенција беше во контекст на нивна употреба и навремено учење и совладување како потреба на дизјанерите и архитектите на новото време. Игнорирањето на овие алатки не може да донесе развој на општеството, додека нивната уптореба може да го олесни работниот процес, и во одредени задачи да ја зголеми продуктивноста.

Workplace Conference 2025 беше настан кој ги поврза сите клучни фигури во индустријата: од архитекти и дизајнери, до добавувачи и производители. Овој настан ја отвори вратата за нови можности за соработка и подобри решенија за создавање работни простори кои ќе ја обликуваат иднината на работа.

Дизајнирање здрави работни средини

Првото предавање беше одржано од Matthew O’Sullivan, ергономски консултант од Humanscale, кој зборуваше за тоа колку долгото седење му штети на здравјето и потенцираше дека златниот стандард за ергономско работно место се работно столче и држач за монитор. Посебно истакна научни и медицински истражувања кои покажуваат како да преку активно седење дојдеме до агилност во извршувањето на секојдневните работни активности.
Работни кафулиња (Work café) – простори кои поттикнуваат креативност

Конференцијата беше затворена со презентација на Laurent Vandenbroucke, меѓународниот директор на продажба на Hoyez SAS, кој презентираше за темата Иднината на стаклените ѕидови во работните простори. Како стаклените преградни ѕидови можат да создадат баланс помеѓу транспарентноста и приватноста, што е клучно за модерните канцелариски простори.
Ernst Holzapfel, маркетинг директор на Sedus, го презентираше концептот на “Work Cafés”. Веднаш на почетокот го постави прашањето: Каде ги полниме своите батерии? А низ презентацијата го редефинираше поимот Хибридно работење.

Организирана по втор пат, со тенденција да прерасне во традиционален настан во регионот, Workplace Conference пред повеќе од 200 архитекти, дизајнери, ХР професионалци , бизнисмени и инвеститори од Југоисточна – Европа има за цел да биде платформа каде се разменуваат знаења и поврзуваат светските и регионалните лидерски компании и поединци.
Конференцијата е креирана за потребите на B0S-Business Office Solution (Србија) и B2 Solution (Македонија), од страна на маркетинг агенцијата iOLite Hub од Македонија, а медиумски е покриена од B2 Media.

Персонализирани работни простори – идентитет во просторот
Во Амфитеатрот беше официјалниот дел каде шестмина интернационални говорници одржаа исто толку извонредни презентации.
Се гледаме следната година на третото издание на Workplace Conference!

Во времињата кога се повеќе време поминуваме надвор од своите домови, на конференцијата беше истакнато дека е неопходно е да се креираат професионални простори во кои луѓето ќе ги постигнуваат своите најдобри резултати додека имаат лична благосотојба.
Како што доликува на конференција од вакво реноме , беше одржана на 1600 м2 во Амфитеатарот и Атриумот под стаклен кров во Сава Центарот, во Белград.

Oliver Baxter, Workplace консултант и претставник на Interstuhl, го отвори вториот дел од конференцијата со презентација на тема “Иднината на работните простори овозможена преку AI технологии”.
На почетокот, конференцијата ја отвори основачот на B0S-Business Office Solution и B2 Solution, Венцо Ѓоргиевски кој потенцираше дека во време на одржување на Workspace Expo во Париз светски еминентни имиња како Ernst Holzapfel, Oliver Baxter, Matthew O’Sullivan, Lorenzo Maniero, Antigone Acconci и Laurent Vandenbroucke беа инспирирани годинава Париз да го заменат за Белград.
Lorenzo Maniero и Antigone Acconci од True Design и Parisotto+Formenton Architetti споделија свои искуства за примената на принципот на CMF (Боја, Материјал и Површина) во дизајнот на канцелариски простори. Нивниот грижлив и детален архитектонски концепт на анализирање и создавање приказна беше раскажан преку презентацијата за избор на материјали, текстури и шема на тренди бои за секоја нова сезона.

AI технологиите – иднината на работните простори
Добивајте вести на Viber
Додека во Атриумот имаше галериска поставка каде беа изложени најновите производи на светските лидерски компании во индустијата за мебел, стаклени преградни ѕидови, професионални подни облоги, акустични решенија за професионално-високо фреквентни простори, како канцеларии и ХоРеКа.
Sedus, True design, Interstuhl, Hoyez PartitionSystems, Humanscale, Bachmann, Shaw Contract.


